| четврток, 6 декември 2018 |

Штербик откри зошто ја криел повредата: Судбината имаше напишано нешто друго за мене и Вардар

РК Вардар за жал не успеја да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите на годинешниов Ф4 турнир во Келн. Секако, еден од најважните фактори за поразите на Вардар се крие и во повредата на Арпад Штербик кој можеше да одигра само 20 минути на полуфиналето со Монпелје, а сега искусниот голман кој за првпат поопширно проговори за своите проблеми и за исходот од завршниот турнир во Келн.

– Имав лоши десет дена пред фајнал-фор турнирот во Келн. Имав болки поради повредата, а потоа и се разболев. Се насобраа многу проблеми, а имав само десет дена за да се рехабилитирам и да бидам во ритам. Не бев како што треба, но не ги пренесов моите проблеми во јавноста бидејќи не сакав моите противници да сфатат дека сум во неволја. Свесен за тоа беше и мојот тренер, но тој до последен момент се надеваше дека ќе го подигнам нивото и дека ќе му бидам од корист. Сепак, на крајот не беше така, судбината имаше напишано друго сценарио за мене и за мојот тим, открива Штербик во интеврју за новинската агенција „СЗ прес“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top