| четврток, 6 декември 2018 |

„Убиениот“ руски новинар сепак е жив, се појави утрово на прес – конференција

Рускиот новинар Аркадиј Бабченко за кој беше објавено дека вчера вечерта бил убиен во Киев, е жив. Познатиот критичар на Кремљ денеска се појави на прес-конференција на украинска телевизија.

Шефот на безбедносните служби на Украина изјави дека „убиството“ било изведено откако Украина дознала за руски заговор за вистинско убиство на новинарот. Според него, убиството било нарачано од руските безбедносни служби.

Бабченко на прес-конференцијата им се заблагодари на украинските безбедносни служби затоа што, како што рече, му го спасиле животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top