| четврток, 6 декември 2018 |

Мнозинството граѓани незадоволни од Заев, државата оди во погрешна насока

Во периодот помеѓу 25-28 мaj 2018 година, Институтот „Димитрија Чуповски“ спроведе телефонска анкета на 1030 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани за рејтингот на политичките партии и личности.

Во истражувањето спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.

Според резултатите од анкетата, граѓаните не се задоволни од работата на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев. Дури 64.3 проценти од испитаниците имаат негативно мислење за работата на Владата, а позитивно се изјасниле 30.1%.

Република Македонија во изминатава година се движи во погрешна насока, сметаат граѓаните.

Имено, на прашањето „Во каква насока се движи Македонија во изминатава година, правилна или погрешна“, 47.2% од испитаниците одговориле дека тоа е погрешна насока.

Во првиот дел од анкетата, испитаниците се изјаснуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има предност пред СДСМ, односно дека ако утре има избори би гласале за опозициската партија.

За Зоран Заев, граѓаните имаат негативно мислење, а за Христијан Мицкоски позитивно мисење. Односно, 44.3 % од испитаниците имаат негативно мислење за Заев, а 35.5% мислат позитивно за него.

За Мицкоски 42.2% имаат позитивно мислење, а 25.1% негативно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top