| четврток, 6 декември 2018 |

И новото началство на СВР Охрид го заштитува Саше Политико и Мактел

Оркестрирана била изнуда, уцена со епилог сериозно кривично дело од страна на Сашо Иваноски врз сопстевникот на ОхридСкај. Додека во времето на „началниците“ се конструираа игри лично врз Денесовски, сега новите „началници“ поддржани од одредено политичко – полициско милије, крајно безобразно нападнаа и кон интегритетот врз неговата потесна фамилија. Извршител на Кривичното дело секако дека е Саше Иваноски и неговиот Мактел, спонзориран од поедини политички моќници од СДМС,кој отворено сметаме дека се нарачатели на монструозно-вулгарните текстви, пишува порталот Охридскај.

Сопстевникот на споменатиот портал на ден 17.05.2018 година , во 02 часот, со својот законски застапник настанот го пријавил во СВР Охрид со поднесување на Кривична пријава против лицето Саше Иваноски,а презентирајќи и докази, телефонски повици од бројот на Иваноски, како и СМС пораки, со што јасно ја докажал Уцената.

На ден 18.05.2018 година Денесовски преку својот правен застапник, поради потреба од водење на соодветни законски постапки, до СВР Охрид поднел писмено барање за достава на податоци за примената кривична пријава, податоци за сторителот, како би можел Денесовски согласно Закон да си ги оствари своите права загарантирани со УСТАВ.

До ден денешен, СВР Охрид не одговорил на поднесеното барање. Кои се причините, но и кој сака да го сокрие делото кое го сторил Саше Иваноски? Кој е диригентот кој сака да го заштити новиот „началник“?

Повеќе од јасно увидовме дека одедени политички моќници викендов се испотепале да му овозможат пријатен гратис смештај на Иваноски во Охрид , во објект каде претходно добро знаеле дека Денесовски има фамилијарен ручек, што јасно упатува на фактот дека некој сака исценира инцидент, пишува Охридскај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top