| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнато Министерството за внатрешни на Авганистан, ИД ја презеде одговорноста

Исламската држава соопшти дека стои зад денешниот напад на авганистанското Министерство за внатрешни работи во Кабул.

Исламската држава одговорноста ја презема преку својата агенција Амак.

Полицијата претходно соопшти дека пред зградата на авганистанското МВР во Кабул експлодирал автомобил – бомба, по што следела размена на оган меѓу вооружените напаѓачи и безбедносните сили на Авганистан.

Генерал Дауд Амин, шеф на полицијата во Кабул, соопшти дека во текот на операцијата биле убиени седум напаѓачи.

Портпаролот на министерството информира дека во судирите загинал и еден полицаец, а петмина биле ранети.

Освен тоа, во самоубиствениот бомбашки напад на талибанците на полициската станица во провинцијата Логар, загинаа командантот и заменик – началникот на сообраќајната полиција, како и уште еден полицаец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top