| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот не прифаќа решение за името ерга омнес, утре средба со Димитров

За претседателот Иванов не е прифатливо решение за името ерга омнес, велат од Кабинетот на претседателот на Република Македонија.

-Ставот на Претседателот Иванов е принципиелен, а воедно и конзистентен со ставовите на сите досегашни претседатели на Република Македонија. Тој став е дека претседателот Иванов не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес – велат од Кабинетот на претседателот на Република Македонија.

Оттаму информираат дека претседателот Иванов во текот на утрешниот ден ќе го прими министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top