| четврток, 6 декември 2018 |

Лазар Лазаров: Не можам да сфатам зошто Заев разговара за идентитетските прашања, бидејќи преговорите со Грција се водат за името, а не за идентитетот

Универзитетскиот професор Лазар Лазаров смета дека името Република Северна Македонија е најсоодветно и најприфатливо.

– Името Северна Македонија укажува на тоа дека постои Јужна и Пиринска Македонија. Единствено што не можам да сфатам е тоа што премиерот Заев разговара за идентитетските прашања, бидејќи преговорите со Грција се водат за името, а не за идентитетот. Ако се прифати новиот предлог, ние повторно ќе си останеме Македонци и никој нема да нè нарекува Северномакедонци. Во светот постојат Јужна и Северна Кореја, а и во двете држави живеат Корејци. Постојат Северна и Јужна Ирска, а таму живеат Ирци. Постојат Северен и Јужен Јемен, а таму живеат Јеменци. Постои Западна и Источна Германија, а таму живеат Германци. Ова што сега нам ни се случува е резултат на пропагандата што ја води ВМРО-ДПМНЕ, чие раководство се радува и прави сè за да не успеат преговорите. Единствено, какво име и да добиеме, ние ќе си останеме Македонци – објаснува Лазаров.

 

извор: slobodenpecat.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top