| четврток, 6 декември 2018 |

Маж, жена и син се тепале, гостиварец се обидел да ги раздвои па му се нафрлиле и нeму

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера е пријавено дека на улицата „Свети Кирил и Методиј“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка.

-Имено, најпрво дошло до физичка пресметка меѓу Ф.С. (42), неговата сопруга А.С. (39) и нивниот син 17 годишен син, сите од Скопје. Според пријавеното, на местото на настанот се затекнал Д.М. (47) од Гостивар и тој се обидел да ги раздвои, по што Ф.С. и неговиот син физички го нападнале, информираат од полицијата.

Лицата се приведени во Полициската станица Центар и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top