| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто принцот Хари се венчаваше во униформа на руски цар?

За свадбата на принцот Хари и актерката Mеган Маркл сѐ уште зборува целиот свет. Но, ако Европа ја интересира венчалниот фустан на невестета, Русија се интересира зошто војводата од Сасекс носи иста униформа како некогаш рускиот цар.

Принцот Хари, всушност, беше облечен во униформа на кралскиот полк на шкотската коњаница и тоа во нивната парадна униформа украсена со „бранденбури“.

Англичаните можеле да ги позајмат од сојузниците во кнежевството Брауншвајг уште во времето на војните на Наполеон. Слични детали на униформата имале и англиските офицери во Кримската војна (1854-1855).

Значи, принцот Хари е во својата униформа. Тогаш останува прашањето зошто Николај Втори облекувал шкотски драгун (од англискиот збор dragon, т.е. змеј, како што ја нарекувале кратката пушка, основното оружје на овие коњаници? Одговорот гласи: Зошто Николај Втори навистина бил драгун.

Порано странските монарси можеле да имаат чинови во руските полкови, а така и руските цареви биле команданти на полкови на странски воени единици. Да речеме, германскиот император Вилхелм II бил адмирал на руската флота.

Пред Првата светска војна Русија и Англија биле сојузници и Николај можел да стане фелдмаршал на британската армија. Треба да се додаде дека почнувајќи од Павле I сите руски императори и нивните браќа наоѓале сопатнички во познатите германски династии.

Сопругата на царот Александар III била Данкиња, па и тој имал чин во данскиот кралски полк.

Сопругата на Николај Втори, Александара Фјодоровна, иако имала германска крв, била и внука на англиската кралица Викторија. И токму кралицата Викторија по повод веридбата на Николај и Александра на наследниот на рускиот престол му доделила чин командант на Кралската шкотска драгунска гарда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top