И покрај тоа што укинувањето е мошне неверојатно, денешното гласање е показател на бесот на пратениците предизвикан од неодамнешното протекување информации на НСА.
Европскиот парламент повика на укинување на двата договори што им даваат на САД пристап до европските финансиски и патни податоци освен ако Вашингтон не го открие целосниот обем на своето шпионирање на Европа.
Необврзувачката резолуција, која денеска била изгласана со 483-98 и 65 воздржани, наложува САД целосно да ги обелоденат своите комуникациски и електронски податоци. Ако Вашингтон не се согласи со тоа, може да бидат отповикани два договори меѓу ЕУ и САД за трансатлантска размена на информации.
Двата договори за размена на податоци – Програмата за следење на терористичкото финансирање и Записи за имињата на патниците – беа договорени кратко време по нападите на 11 септември 2001, и покрај грижите дека тие ќе им дадат на САД преголем пристап до европските податоци, пишува „Раша тудеј“.
Предлогот за укинување на договорите мора да биде одобрен од владите на ЕУ и од извршната комисија на Унијата. И покрај тоа што нивното одобрување е мошне неверојатно, денешното гласање е показател на бесот на пратениците предизвикан од неодамнешното протекување информации на НСА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.