Министерството за култура донело одлука да му подари парцела од 621 квадратни метри на индискиот бизнисмен Субрата Рој – објави Билд. Според порталот, плацот се наоѓа во строгиот центар, на плоштадот во Скопје, спроти „Воинот на коњ“. Одлуката, како што пишува Билд, веќе е објавена во Службен весник.
Префрлувањето на сопственоста на земјиштето на компанијата „Сахара глобал“ ќе се реализира во рок од 60 дена, по што обележјето на Мајка Тереза ќе може да почне да се гради на постоечкиот пешачки коридор меѓу хотелот во изградба Мериот и планираниот хотел што треба да го гради грчкиот бизнисмен Деметрис Кондоминас. За обележјето на Мајка Тереза дозволена е максимална висина од 32 метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.