| четврток, 6 декември 2018 |

Пукал кон братучед му со автоматса пушка зошто пред два дена го пријавил во полиција

Вчера околу 10:10 часот било пријавено дека во село Мојанци-скопско додека И.С (29) излегувал од дворот со своето возило “Опел Вектра“ на патот пред возилото застанал неговиот братучед Е.С (33) со автоматска пушка во рацете, и му рекол на И.С. да го запре возилото вперувајќи ја пушката кон возилото.

И.С. се исплашил и го стартувал возилото во кое што бил и неговиот 17 годишен брат, а веднаш откако го одминал, слушнал како Е.С. испукал неколку куршуми. Од истрелите нема повредени лица и не била забележана материјална штета на возилото.

Најверојатно причина за пукањето, според првични сознанија, е тоа што И.С. пријавил дека на 28.05.2018 година, Е.С. физички го нападнал. На местото на настанот бил извршен увид и пронајдени и подигнати биле две чаури од автоматска пушка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top