Премиерот Зоран Заев продружуван од министрите денеска одржа прес конферениција во дворот на Владата на која даде отчет за сработеното во првата година од владеењето.
Премиерот во своето излагање истакна дека прво ќе се ратификува Договорот со Грција во Собранието, па ќе се аплицира за влез во НАТО и после ќе се одржи референдум за името. Заев очекува поголемо мнозинство во Собранието да го поддржи договорот со Грција. Референдумот би се одржал кон крајот на септември или почетокот на октомври.
-Ратификација пред референдумот, за да може Грција да испрати писмо до НАТО и да добиеме покана за НАТО. Месец порано, месец порано. Секако ратификацијата на Договорот е ратификација на нешто зад кое што застанале двете влади и веројатно парламентарно мнозинство, ќе го поддржи, заедно со опозицијата, но секако треба да знаат сите дека конечно е референдумот. Затоа сите стоиме зад референдумот. Крајот на септември, почетокот на октомви е веројатно прикладно време, ќе се договориме сите чинители во државата, одговори Премиерот на новинарско прашање.
Отсега наредни чекори, како што соопшти Заев се: до петок ќе разговора со неговиот грчки колега Алексис Ципрас и ќе биде утврден правно-формалниот аспект на договорот и термините за негово спроведување.
Премиерот во својот говор нагласи дека никогаш не сме биле поблиску до решение.
– Македонскиот јазик е потврден, идентитетот наш е потврден. Не е лесно ова прашање, но на Македонија ѝ треба лидерство за да оди напред. Покажавме дека сме подготвени за лидерство. Рековме ќе има референдум. Граѓаните ќе го имаат последниот збор, но граѓаните чекаат лидерство, а вистинските патриоти денес се тие кои обезбедуваат иднина. Сите знаеме дека по решавањето на спорот Македонија станува членка на НАТО, рече Заев.
Тој истакна дека Македонија е на вистинскиот пат и дека темелните реформи се препознаени од цела Европа.
– Македонија се промени, му покажавме на светот дека сме подготвени за реформи. Македонија ја препознаваат како мирољубива земја. На граѓаните им претсоти да испишат ново поглавје во историјата – четврти Илинден. Создаваме нова судбина која гледа напред, една таква Македонија во која граѓаните се ослободени од предрасудите на минатото, рече Заев.
Тој рече дека претседателот Ѓорѓе Иванов ќе биде информиран за најновите детали од преговорите од страна на министерот Никола Димитров, кој од денеска е вратен во Скопје.
Прес конференцијата се одржа во дворот на Владата на Република Македонија, кај споменикот на ослободителите на градот Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст