Американскиот Стејт департмент синоќа го објави годишниот извештај за верските слободи за 2017 година, во кој во делот за Македонија се наведува дека верските разлики продолжуваат да фигурираат во кривични и граѓански судски процеси.
Притоа, Стејт департментот го нотира повторениот процес против владиката Јован Вранишковски.
„Основниот суд Скопје лани во март го осуди Вранишковски, архиепископ на Охридска архиепископија, за перење на пари. Владиката беше осуден на седум месеци затвор. Судот, исто така, нареди конфискација на земјиште на ОА во вредност од 140 илјади евра, што подоцна и се изврши“, се наведува во извештајот.
Во него, исто така, се наведува дека „Европскиот суд за човекови права во ноември пресуди во корист на ОА, наведувајќи дека со одбивањето да ја регистрира како одделна верска група, власта ги нарушила првата на оваа црква за слобода на здружување и слободно практикување вера“.
Нотирани се и поплаките од Исламската верска заедница во Македонија, за тоа дека во селoто Лажец и во Крива Паланка се вршaт блокади за изградба на џамии под притисок од локални жители, кои се противат на изградбата. ИВЗ, исто така, се пожалила дека властите продолжуваат да ја блокираат реконструкцијата на џамијата во Прилеп, запалена за време на конфликтот во 2001 година.
Во извештајот за 2017 година се наведува и дека Македонската православна црква се пожалила дека општина Струга се уште не донела одлука за изградба на православна црква во селото Белица и дека општина Тетово одбила да изгради пристапен пат до градската црква.
Во извештајот на Стејт департментот понатаму се наведува дека американскиот амбасадор и други претставници на амбасадата имале средби со владини и параламентарни претставници, верски заедници и организации од граѓанското општество, со кои дискутирале за прашања поврзани со верската слобода.
Стејт департментот вчера славеше 20-годишнина од донесувањето на Законот за меѓународни верски слободи. Оттогаш секоја година поднесуваат извештаи до американскиот Конгрес за поддршка на верските слободи и права на граѓаните низ светот, за кои САД се голем поборник.
По повод годишнината, државиот секретар Мајк Помпео ова лето ќе биде домаќин на министерски совет за подршка на верските слободи на кој ќе се соберат верски лидери, активисти за човекови права и граѓанско општество од целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст