Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција истакна Македонија чекори кон Европската унија и НАТО, а се решаваат и спорови, но се зајакнува и идентитетот.
-Не сме биле поблиску до решение, никогаш не било поголемо пријателството на земјите. Идентитетот на Македонците е потврден. На македонија и треба лидерство и чекор напред, не само празни зборови. Ќе има референдум, граѓаните го имаат последниот збор. Вистински патриоти се оние кои ја носат Македонија напред. Со решавање на спорот, влегуваме во НАТО. Регионот не смее да си дозволи чекор назад. Македонија е на вистински пат, темелните реформи се признаени од сите земји од ЕУ. Му покажавме на светот дека политичката криза е зад нас, рече Заев.
Тој не сакаше да каже дали договореното име е „Северна Македонија“ и рече дека се уште нема ништо договорено.
-Следува разговор со Ципрас, доколку има нешто, ќе го споделам со граѓаните, знаете дека сме траснапрентни. Стоиме позади одлуката за референдум, ред е да оставиме да сите чекори да одат со ред“, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст