| четврток, 6 декември 2018 |

Хари и Меган на меден месец во земјата каде што се заљубија

Војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл, за време на медениот месец сакаат да ја посетат Канада, каде всушност и започна нивната љубовна приказна, пренесуваат странските медиуми.

Овој пар наводно ќе престојува во познатото одморалиште Fairmont Jasper Park Lodge. Кабината во која најверојатно ќе се сместат изнесува 577 метри квадратни и чини околу 6.818 долари за една ноќ.

Според пишувањата на британските медиуми, шефовите на канадското одморалиште наводно планираат да ја опремат нивната кабина со опрема, со која инаку не располагаат.

Ресторанот исто така ќе биде збогатен со дополнителни намирници и специјалитети, кои ќе се подготвуваат специјално за кралскиот пар.

Од порано се шпекулираше дека младиот кралски брачен пар на својот меден месец ќе ја посети Африка, но се чини дека тие планови се промениле.

Се уште не е познато кога би можеле да тргнат на своето патување во Канада.

За потсетување, принцот Хари и Меган Маркл се појавија во јавноста само три дена после венчавката, и тоа на роденденот на таткото на Хари, принцот Чарлс, кој 70 роденден го прослави во дворецот на Бакингемската палата во Лондон.

Токму поради овој настан парот и го одложи своето брачно патување.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top