Интерните клиники од комплексот „Мајка Тереза“ ќе бидат преселени во општина Аеродром. На местото на Мајчин дом надлежните планираат изградба на голема здравствена установа во која освен Очната, Ушната и Кожната клиника и Клинијата за травматологија реума ќе биде сместена и Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Ова за Сител го изјави министерот за здравство кој вели дека Интерната зграда е со најлоша инфраструктура, многу често прокиснува кровот и во опасност е доведена и инсталацијата. Иста е состојбата и со старата градска болница.
-Ако таму ги префрлиме дел од интерните клиники и старата градска болница која е во многу лоша состојба и неможе да продолжи реконструкцијата започната пред неколку години, значително ќе биде растеретен метежот на скопските клиники а ние ќе имаме доволно време да ги собереме сите неопходни работи за отпочнување на градбата на новиот клинички центар, вели Венко Филипче, министер за здравство.
Здравствените власти не откриваат откаде ќе најдат пари за нова болница и дали ќе го продаваат просторот каде сега е сместена Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. На местото кај Мајчин дом има 19000 метри квадратни, што е четири пати повеќе од квадратурата на старата градска болница.
-Засега е неизвесно дали зградата позади мене ќе биде срушена и ќе градат нова болница од темел или, пак, ќе има надградба на постојниот објект. Наредната недела ќе биде распишан тендер за основен проект со што ќе бидат познати сите детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст