
Еднаш дадена аболиција од шефот на државата не може да биде повлечена или поништена. Со ваков став е и адвокатот и поранешен прв човек на државното јавно обвинителство Љупчо Шврговски.
-Актот на помилување даден на поименично определни лица се уште е во правна сила и треба да опстои, без оглед на тоа дали лицето сака да ја повлече или одбие или не. Лицето нема диспозиција да ја одбие. Тој може да каже, јас сакам да ја повлечам даденат милост, меѓутоа тоа негово диксреционо право нема никва важност во однос на дадената аболиција- вели Шврговски.
Доколку судовите во земјава не одговорат на барањата на адвокатите за запирање на судските постапки кои СЈО ги водат против аболицираните лица, Шврговски вели дека пресудите со сигурност ќе паднат пред европскиот суд за човекови права.
На денешното рочиште за Траекторија, во судница СЈО ги презентираше прислушуваните телефонски разговори помеѓу обвинетите Груевски, Јанакиевски, Пешевски и Георгиевски. За овој предмет СЈО поседува вкупно 315 аудио снимки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


