| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварско: Приведен 34 – годишен крадец, полицијата го фатила на дело

Синоќа околу 21.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар од слобода го лишиле Н.И. (34) с. Дебреше-гостиварско, кој бил затекнат додека извршувал тешка кражба во мини-маркет во с. Врапчиште.

Тој насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре, одзел одредена сума на пари, но набргу бил фатен и задржан во полициската станица. По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top