| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка вчера на „пластичарска“: Му пречела изложената роба, па се степал со сопствениците

Вчера околу 10.20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот „Никола Карев“ (т.н. пластичарска улица), Б.А. (34) започнал вербална расправија со сопственици на дуќан бидејќи му пречела изложената стока пред дуќанот, по што со еден од нив, Б.Л. (24) си размениле неколку удари.

Потоа, според пријавеното, дошол братот на Б.Л., Ф.Л. (38) и физички го нападнал Б.А.. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top