| четврток, 6 декември 2018 |

По расправија заради несогласување во сообраќајот, тетовец извадил пиштол, па сам се пријавил во полиција

Вчера околу 15.00 часот, А.З. (30) од с.Непроштено – тетовско, пријавил дека истиот ден околу 14.00 часот му била загрозена безбедноста, додека со семејството се враќал од Тетово.

А.З. со неговото возило „Голф“ застанал во близина на спортската сала во Непроштено. По него застанало и друго возило „Цитроен“, со кое претходно се престигнувале по патот. Од другото возило излегол А.С. (61) од с. Џепчиште и по кратка расправија извадил пиштол, а А.З. веднаш го напуштил местото на настанот.

Подоцна, А.С. самиот се пријавил во Полициското одделение Теарце. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top