| четврток, 6 декември 2018 |

Викторија Лоба: Верувам во љубов за цел живот

Македонската пејачка, Викторија Лоба која неодамна го промовираше видеото за дуетската тема со Тајзи – “Каде сме ние“ наскоро ќе го објави новиот албум кој го работи со Роберт Билбилов. Освен што снима во студио таа е ангажирана во повеќе кампањи во кои рекламира шминки, автомобили и долна облека и е заштитно лице на голем број брендови.

Покрај работата, пејачката со руско потекло ја исполнува и љубовта и веќе долги години е во врска со скопскиот бизнисмен Ѓорѓи, па голема е веројатноста наскоро да ја видиме и во венчаница.

– Верувам во љубов за цел живот, приватниот живот секогаш сум го чувала само за себе и така планирам и да остане и можам само да кажам дека во моментов сум емотивно исполнета и среќна, вели Лоба за Вечер прес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top