| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Откако ќе завршам со играње, останувам во ракометот

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров, и покрај своите 38 години, се уште поставува рекорди каде и да се појави. Најдобра илустрација за тоа е минатиот викенд каде дојде до бројката од 65 погодоци на Ф4 турнирите во ракометната Лига на шампиони, а зад себе ги остави Филип Јуха и Момир Илиќ, кои имаат по 56 гола.

Во интервју за „Хумел“, Лазаров вели дека ќе остане во ракометот и по завршувањето на играчката кариера, но пред тоа има уште неколку зацртани цели.

– Сакам да ги земам работите онака како што доаѓаат: ден за ден, чекор по чекор, недела за недела, година за година. Се гледам себе си во спортот. Се уште не сум одлучил што ќе правам по завршувањето на кариерата. Имам неколку идеи. Но, пред тоа размислувам за Олимписките игри. Се уште не можам да кажам ништо конкретно бидејќи се уште не сум донел конечна одлука. Сепак, речиси е сигурно дека останувам во спортот, но што конкретно, тоа ќе видиме, истакна Кире Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top