Мигрантот од Мали кој на херојски начин го спаси момчето во Париз, деновиве е во фокусот на светската јавност.
Мамоду Гасама, неверојатно вешто и брзо успеа да се искачи од надворешната страна на зградата до четвртиот кат за да го спаси четиригодишното момче кое висеше од балконот. Поради неговиот подвиг, вчера доби француско државјанство и работа како пожарникар.
Сепак, многумина на социјалните мрежи се прашуваат како може детето да е оставено без никој да внимава на него за тоа да стигне до балконот. Мајката на детето во интервју за француските медиуми рекла дека таткото не бил навикнат самостојно да се грижи за својот син и дека и претходно знаел да го остави само во домот.
– Не можам да го оправдам она што го направил мојот сопруг. Некои ќе речат дека тоа може да му се случи секому и навистина се случувало и претходно. Мојот син имаше неверојатна среќа, додала таа.
Како што јавува дописникот на Би-Би-Си од Париз, повикувајќи се на извори во кабинетот на францускиот обвинител, таткото на момчето, откако завршил со пазарењето не се вратил веднаш дома, туку останал на улица за да ја игра популарната игра за мобилни телефони „Покемон го“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст