| четврток, 6 декември 2018 |

САД не можат да ја спасат БиХ од распаѓање

dodik

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик предупреди дека ниту американската администрација не може да ја промени состојбата во Федерацијата Босна и Херцеговина, која се распаѓа во некој вид на политичко гниење.
Додик укажа дека ниту САД со последните интервенции не можат да го променат федералниот Устав, бидејќи станува збор за процес, со кој од Федерацијата е исклучен еден конститутивен народ – Србите.
– Исклучувањето на еден конститутивен народ, во овој случај српскиот од федералните уставни промени, говори за правнитe намери на авторот на тој проект. Тука станува збор за правење на противуставен и антидејтонски пакет промени на Уставот на Федерацијата, кој не го почитува принципот на конститутивноста – рече Додик.
Тој смета дека вмешувањето на американскиот амбасадор Патрик Мун во реформите на Уставот на БиХ не е добро за вкупната политичка состојба во Босна и Херцеговина. Мун иницираше формирање на експертски тим, кој предложи начини за реконструкција на Федерацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top