На социјалните мрежи беше објавен апел за помош за телото на доктор Георги Петков, македонскиот алпинист кој пред околу 10-тина дена загина на Монт Еверест, да се донесе во Македонија и да почива во мир во својата земја.
– Замина со својот сон за висините. Потребна е нашата помош да помогнеме на семејството да може телото да се транспортира во Македонија и да почива во мир во својата земја. Сите вие кои сте во можност да помогнете и донирате тоа може да го направите со донирање на следнава жиро-сметка 2707000046828251 Халк Банка – Емил Петков.
– Да помогнеме на семејството кое покрај оваа загуба во моментов се бори да ги собере потребните парични средства за да го транспортираат телото, се вели во апелот на социјалните мрежи.
Во него се потсетува, за жалната вест за смртта на македонскиот алпинист Георги Петков кој од 24 март тргна на мисија за освојување на највисокиот врв на светот Монт Еверест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст