| четврток, 6 декември 2018 |

Повреден војник на АРМ на воена вежба, итно пренесен на скопските клиники

Вчера околу 12.10 часот од страна на Воена полиција при Министерството за одбрана во Полициската станица Неготино, било пријавено дека истиот ден околу 12.00 часот при изведување на воена вежба за боево гаѓање со рачен ракетен фрлач, се повредил 35- годишен професионален војник од Скопје.

Со возило на Итната медицинска помош тој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

За настанот запознат бил Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од Полициската станица Неготино и припадници од Воената полиција при Министерството за одбрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top