Европската комисија ги поддржува сите мерки што ќе водат до заедничко прифатливо решение на спорот за името и затоа ги поддржува сите иницијативи превземени во оваа насока, вклучувајќи ја и последната на македонскиот премиер Никола Груевски.
Ова е ставот на портпаролот на Комисијата, Петер Стано, по вчерашното писмо на претседателот на Владата на Република Македонија испратено до премиерот на Грција, Андонис Самарас, во кое Груевски бара двајцата да состават тимови кои тие ќе ги предводат со цел да седнат на маса и да се обидат да го решат деценискиот спор.
– Кога се работи за билатерални прашања, Европската комисија нема став, бидејќи ние не сакаме да се мешаме. Но, кога станува збор за прашањето за името, ние ги поддржуваме и поздравуваме сите иницијативи што би довеле до негово конечно решение, потенцира Стано.
Потегот на македонскиот премиер Груевски се оценува позитивно од страна на официјален Брисел, но се чека на грчкиот одговор за кој сите надежи се дека ќе биде позитивен со цел да се одмрзне статус-кво ситуацијата во однос на преговорите кои се водат под капата на Обединетите нации преку посредникот Метју Нимиц, а Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската унија и да стане членка на НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Сомнителен пакет испратен и за Џо Бајден