Денеска бев во Тетово. Бидејќи Владата нема резултати и ја лаже јавноста со креирање на надеж во стилот, само што не ни тргнало, низ бројки и аргументи го преставив нивното фијаско кое тие самите го нарекуваат план за живот – објави на фејсбук страницата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој посочува дека денеска се излезени податоците за капиталните инвестиции и за 4 месеци владата има дваипол пати помалку капитални инвестиции од она што го направила претходната влада истиот тој период лани.
-Значи го полнат буџетот со парите граѓаните, но не го трошат за капитални инвестиции што би значело раст на стопанството, туку за други непродуктивни трошења. А како го полнат? Собрале 23 милиони евра повеќе врз основа на акциза, а таа е акциза е онаа што ја покачија на почетокот на годината. Значи директно од џебот на граѓаните преку поскапување на горивото, одат во буџетот, кој гледаме како непродуктивно го трошат. Тоа е истата акциза за која ВМРО-ДПМНЕ бараше да се укине, а власта го одби предлогот.
Ќе речат дека на крајот од мандатот просечната плата ќе биде 500 евра, а забораваат да кажат дека самите издале документ кој се вика фискална стратегија, документ со кој самите предвидуваат во 2018-та година просечната номилна плата ќе расте 4осто, а наредните две години за 4.4 осто. Односно и се да е вака како што испланирале на крајот на нивниот мандат како што сега се фалат нема да има просечна плата од 500 евра туку неколку илјади денари помалку. Ова значи дека свесно ја лажат и манипулираат јавноста.
Со оваа влада не се живее подобро, и нема ниту да биде подобро во наредниот период. Решението е да си замине владата, а почетокот на крајот треба да започне на 2 јуни со голем општонароден протест, кој е протест на сите обесправени, жедни за правдини, сите кои се грижат и сакаат Македонија да победи! – нашиша Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


