Адвокат од Египет поднесе тужба против Серхио Рамос од 1 милијарда евра, бидејќи го повреди Мохамед Салах за време на финалето во Лигата на шампиони одиграно во саботата помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул.
Тој се појавил на египетска национална телевизија и ја објавил тужбата до ФИФА и го обвинил Шпанецот дека намерно го повредил фудбалерот на „црвените“, а со тоа и нанел физичка и психолошка повреда на целата египетска нација и нејзиниот најдобар фудбалер.
„Рамос намерно го повреди Салах и треба да биде казнет поради неговите постапки. Поднесов тужба до ФИФА. Ќе барам компензација, која може да биде и повисока од 1 милијарда евра за физичката и психичката траума што Рамос му ја нанесе на Салах, но и на цел Египет“, вели адвокатот.
Иако веорјатноста дека ќе добие 1 милијарда евра е невозможна, адвокатот најавил дека ако тужбата биде успешна, секоја финансиска компензација што ќе ја добие, ќе оди во хуманитарни цели.
Во текот на вчерашниот ден навивачите покренаа и он-лајн петиција, на која се потпишаа преку 300.000 лица, Рамос да биде суспендиран од ФИФА и да не игра на Светското првенство во Русија.
Извор: Спорт1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст