| четврток, 6 декември 2018 |

Рот повика на мирно решение за името

Германскиот државен министер за европски работи, Михаел Рот изрази поддршка за преговарачкиот процес помеѓу Скопје и Атина и повика на мирно решение, без пречки. Рот кој учествува на Советот за надворешни работи на ЕУ, рече дека денеска повторно се сретнале со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, заблагодаувајќи се за постојаните преговори помеѓу двете земји.

„Подготвени сме да дадеме секаква поддршка за решение на името. Ги повикуваме сите да не спречуваат изнаоѓање на мирно решение. Се работи за стабилност и мир во целиот регион и европската перспектива е најдобрата алатка за да нашите принципи бидат земени предвид. Надминувањето на спорот за името е многу важна точка, оптимист сум за следните денови“, изјави Рот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top