| четврток, 6 декември 2018 |

Владика Пимен: Соседите сè уште не можат да го победат национализмот

Охридската архиепископија е една од древните помесни цркви, чие 1000-годишно постоење не претставува закана за постоењето на другите помесни цркви. Црквата е и останува една и единствена и покрај постоењето на различните помесни јуриздикции. Затоа треба да гледаме на суштината која нè соединува, а не на јурисдикциските формалности кои самите ги претвораме во причини за поделби, рече поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан на денешната божествена литургија што се одржа во рамките на чествувањето во катедраланата црква „Светата Софија“.

– Не се сведувало постоењето на Охридската архиепископија, како што ни денес не постои во лицето на Македонската православна црква, едноставно за да биде нечија, да припаѓа, а со припаѓањето на едни, да им биде одземена на други. Постои за да биде дел од едната, света, соборна и апостолска црква, додаде тој.

Имајќи го ова предвид, вели г.г. Стефан, може да се согледа колку е бесмислено и опасно да ја гледаме црквата од кој било друг аспект. Тој е оптимист дека помесните цркви ќе најдат заедничко разбирање кое ќе значи признавање на Охридската архиепископија и покрај тоа што одбележувањето на најзиното 1 милениумско постоење го бојкотираа најголем дел од православните цркви,меѓу кои и бугарската.

– Ние поканивме повеќе православни цркви, бугарската црква јавно побара да биде поканета, ние испративме покани, но одговорот зошто тие не дојдоа е кај нив, вели поглаварот на МПЦ.

Владиката Пимен, пак, подиректен вели испративме покана до Синодот на БПЦ не за заедничко богослужење, туку за да дојдат претставици во знак на стоплување на односите и продолжување на најавените преговори со БПЦ.

– Ние и технички и догматски и канонски ги исполнуваме сите услови кои можат да ни донесат нас афтокефалност и признавање во православниот свет, но она што секогаш се надвисува како сенка над овој наш проблем се за жал националистичките политики на соседните земји, изјави владиката Пимен од Европска епархија.

Тој не верува дека игнорирањето на бугарската црква значи прекинување на преговорите, бидејќи како што вели, многу тесно беше мнозинство кое надвладеа да се одбие поканата.

– Името на МПЦ-ОА се врзува со нашиот идентитет, а не со мноштвото народи што ги имаме. Црквата треба да стои над политиката и нема да посегне по тој чекор да го промени своето име, бидејќи имаме национално име како МПЦ – истакна г. Пимен за време на прославата за 1000-годишнината од постоењето на Охридската архиепископија.

Извор: Алфа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top