| четврток, 6 декември 2018 |

Героски: Власта плаќа новинари во кеш и преку реклами за ширење клевети и навреди и напаѓање на политичките критичари

Голем број новинари и медиуми блиски до власта се плаќаат во кеш и преку реклами од страна на СДСМ за „хејтање“ и брутално напаѓање на луѓе, кои според нив, се критичари на власта, пишува едно од најударните новинарски пера на власта, Бранко Героски, во својата денешна колумна. Вели дека голем број на новинари добиваат нарачки од високо позиционирани луѓе од СДСМ, а за тоа како што пишува тој, тие добиваат пари, како во кеш, така и преку реклами.

– И затоа, предупредувам јавно дека на македонската медиумска сцена се јавуваат нови „началници“. Од луѓе високо позиционирани во партијата на власт, СДСМ, тие добиваат директни нарачки да навредуваат, да клеветат и брутално да хејтаат луѓе кои се обележани како критичари на оваа власт, како „дефетисти“ и неблагонадежни по некоја друга основа, пишува Героски.

Вели дека овие новинари за парите кои ги добиваат од партијата на власт навредуваат и клеветат, со што вршат сериозни кривични дела. Според него, овие новинари блиски до власта бескрупулозно удираат по цели фамилии.

– Новите „началници“ и нивните „куртонски“ медиуми се опсипани со пари (што кеш, што во реклами). За возврат, будалетинкиве буквално возат „без гуртни“. Не што навредуваат и клеветат, туку чинат многу сериозни кривични дела. Измислуваат невидени нешта, удираат по семејства, се резилат и себе и своите нарачатели, стои во колумната на Героски.

Потенцира дека на ваквите новинари им е пружена севкупна заштита од страна на власта, тие наместо да одат во притвор, кога ќе извршат некое посериозно кривично дело челниците од власта интервенираат и тие се ослободуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top