Коста Делов, еден од осомничените за нападот врз Зијадин Села за време на настаните од 27 април во македонскиото Собрание, бил нападнат во притворскиот дел од затворот „Шутка”. Инцидентот за Сител го потврдија и од Управата за извршување на санкции, јавува Сител.
Ова е втор напад врз некој од осомничените за тепањето на лидерот на АА, откако претходно истото го снајде и Кире Георгиевски.
Во меѓувреме продолжува судењето за нападот врз пратеникот Зијадин Села. Во кривичниот суд денеска сведочеше Александар Јаневски – Тошта, еден од 10 мината обвинети за тепањето.
Изјави дека од надлежните во Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор каде што бил вработен, добил наредба да ги чува новинарите за време на протестите на Заедничка Македонија. Наредбата му ја дал управителот од Кочани.
Тој сведочеше дека во прес салата се симнал по барање на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, кој го викнал на помш за да ги одбранат нападнатите пратеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст