| четврток, 6 декември 2018 |

Во април повисоки цени на индустриските производи на домашниот пазар

Во април годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, се повисоки за 0,5 проценти на месечно ниво, а се пониски за 0,2 процента на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во април, во споредба со март годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата „интермедијарни производи, освен енергија“ за процент, и „енергија“ за 0,6 процент.

Трајни производи за широка потрошувачка за 0,4 проценти, „капитални производи“ за 0,3 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 0,2 процента.

Во април годинава во споредба со април минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата „енергија“ за 6,9 проценти

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top