| четврток, 6 декември 2018 |

Илјадници евакуирани во Флорида поради бурата Алберто

Суптропската бура Алберто пристигнува на Флорида во понеделник и се очекува да ги зафати југоисточните делови на САД, носејќи поројни врнежи, силни ветришта и можни торнада, пренесува „Ројтерс“.

„Бурата ја задржа својата сила и брзината на ветриштата и изгледа дека најпрво ќе пристигне во Панама Сити (Флорида)“, изјавил Дејвид Рот, метеоролог во Националниот сервис за временска прогноза во Колеџ Парк, Мериленд.

„Најверојатно ќе удри во копното доцна попладне. Ветриштата се движат со максимална брзина од 65 милји на час, што е за 10 милји помалку од тоа бурата да стане ураган. Ова дефинитивно е опасна бура“, додал тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top