Нутрибулет , златен накит, парфеми, часовници…Денеска во се `се претерува, доказ за тоа е организацијата на родителите за купување подарок на учителките/професорите за крај на школската година, пишува Скопјеинфо.
Има родители кои се потрудиле и дознале кога и е на учителката роденден, па дополнително ги ставаат во трошок останатите, само да се докажат и покажат пред училеките.
– Во нашето одделение освен подароците за крајот на годината и Осми март, задолжително се купува подарок и за роденденот на учителката. Една од мајките случајно дозна кога и е роденденот и ја изненадивме со торта и златен накит, вели Ирена од Аеродром.
– Ние секогаш и од секаде подаруваме. Еве на пример бевме летово во странство на одмор и од таму земав поклонче што премногу и се допадна. А исто така и за родендени подаруваме. Еве сега ви отстапувам место и вие да го напишете вашето мислење или искуство, вели Марија од Карпош.
– Учителка што прима поклони од ученици, ете со исклучок на една ружа за Осми март, за мене не е учителка. Некои одат до таму што индиректно сами бараат некаков поклон, како на пример мојата учителка, што редовно добиваше од нас злато и уште се дрзнуваше да коментира каков бил поклонот. Учителки се по своја воља, за таа работа добиваат плата и освен, ете една ружа (а не цели букети) не треба да очекуваат ништо друго. Децата може да и покажат внимание се некој цртеж, честитка, песничка и тоа е сосем доволно ако на учителката и е драга професијата. Мојата класна во средно, на прв класен час уште добар ден ни немаше кажано, строго потенцира дека не сака буквално никакви поклони по било каков повод, вели средношколката Ана-Марија од Центар.
– Неколку мајки од нашето одделение се ангажираат да купат заеднички подарок. Сметам дека маливе дечиња не ни знаат за што е наменет тој подарк , а и што подаруваат, вели Даниел од Кисела Вода.
– Обично собираме по 300 до 500 денари лани на двете учителки им купивме Нутрибуелт, во тек се преговорите за овогодинешниот подарок, вели Жане мајка на петтоделенец од Центар.
– Има родители во нашиот клас кој едвај врзуваат крај со крај, се случи да не можат да дадат 200 денари за подарок за Осми март, верувајте ми непријатни беа комтарите кои беа наменети за нив. Сметам дека доколку во класот има фамилија која не може тоа да си го дозволи тогаш треба ние здружно да помогнеме и да нема поделби и озборвањењ. Најдобро е симболично по 100 денари да собере и да купи скормен подарок. Верувам дека на учителките подраго им е кога вие ќе ги почитувате, пристојно ќе се однесувате отколку скапиот поклон, вели Силвија од Бутел.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст