| четврток, 6 декември 2018 |

На Србин му се запалил „Голфот“ на паркинг во Куманово

На паркинг простор на ул. „Тоде Мендол“ во Куманово вчера околу 10.30 часот, настанал пожар во патничко возило „Голф 6“ со српска национална ознака, сопственост на И.Љ. (65) од Прешево, Република Србија.

Тој го паркирал своето возило, а по неколку минути настанал пожар во пределот на левата страна од моторот, под акумулаторот.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top