Вчера околу 10.20 часот во СВР Тетово, С.О. (45) од Тетово пријавил дека во стан на ул. „121“, каде живеел Б.П. (75), во последните неколку дена се чувствувала непријатна миризба.
Полициски службеници излегле на местото и во станот пронашле починато машко лице. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, Јавен обвинител и лекар по судска медицина, при што била пронајдена патна исправа и здравствена книшка од сопственикот на станот Б.П.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст