За следната сезона, Милан потпиша уште еден фудбалер без никаква отштета откако постигна договор за тригодишна соработка со левиот бек Иван Стриниќ кој самиот го потврди трансферот.
– Сезоната е завршена и бидејќи веќе не сум играч на Сампдорија можам да кажам дека потпишав тригодишен договор со Милан, мислам дека клубот ќе го објави трансферот по Светското првенство. Договорот ми истекуваше и не потпишував нов, а Сампдорија реши да ме изолира, па затоа настапив на само три натпревари во вториот дел од сезоната. Челниците на Милан ме сакаа, не им беше важно колку ќе играм во овие последни месеци бидејќи веруваат во моите квалитети, изјави Стриниќ.
Стриниќ пред да го облече дресот на Сампдорија настапуваше за Наполи, а претходно три сезони мина во украински Днипро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст