| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на една шампионска генерација: Кој се заминува од Вардар ова лето?

Минатогодишниот ракометен европски шампион Вардар со два порази заминува од Ф4-турнирот годинава во Келн ототко „црвено-црните“ во полуфиналето загубија од Монпелје, 27-28, а во дуелот за третото место денеска со ПСЖ исто така беа поразени со еден гол разлика, 29-28.

Како што е веќе одамна познато, голем дел од најдобите ракометари си заминуваат од редовите на македонската гордост, а за сега ова е потврдено за седум клучни имиња.

Тренерот Раул Гонзалез заминува во ПСЖ, неговиот асистент Дејвис ќе биде селектор на Египет. Од ракометарите, си оди голманот Арпад Штербик (Веспрем), Илија Абутовиќ (Рајн Некар Левен), шпанското дуо Жоан Кањељас и Хорхе Македа (ПИК Сегед), Лука Циндриќ (Киелце) и Михајло Марсениќ (Фуксе Берлин).

За уште неколку ракометари на Вардар, меѓу кои и капитенот Стоилов, имаше бројни шпекулации дека и тие како дел од своите колеги летово ќе потпишат за нови клубови, но останува да видиме дали овие најави и официјално ќе се реализираат

Исто така познато е дека следната сезона тимот на Вардар од клупата ќе го води досегашниот асистент тренерер на ЖРК Вардар, Шпанецот Роберто Гарсија Парондо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top