| четврток, 6 декември 2018 |

Вооружен грабеж вечерва во Тинекс: Со нож и електрошок влетал во канцеларијата на шефот, па избегал од полицијата

Вооружен грабеж се случил вечерва во маркетот „Супер Тинекс“ во општина Карпош во близина на Драмскиот театар, јавува Инфомакс. Од МВР ја потврдиле информацијата, но не дали повеќе детали кои би можеле да наштетат на истрагата која е во тек.

Според информаци на порталот, едно лице со нож и електро шок влетало во канцеларијата на шефот на маркетот, го побарал прометот, но вработените веќе го вклучиле алармот, поради што брзо интервенирала полицијата и приватното обезбедување. На лице место пристигнале екипи од единицата „Алфа“, но крадецот успеал да побегне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top