| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров по поразот во финалето: Моите соиграчи ќе преспијат и ќе сфатат дека и ова е успех

Најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров, вечерва не успеја со Нант да слави во финалето против Монпелје и да ја освои титулата во Лигата на шампионите. Капитенот на македонската репрезентација, сепак е задоволен од постигнатото на неговиот тим на овој Ф4.

– Размслуваш, тренираш и живееш за ова. Затоа работиме и тренираме цела сезона, за да бидеме тука. Некогаш во животот треба да се биде реален и Монпелје заслужи да биде првак. Го победија Флензбург, претходно Барселона, го победија и Вардар, имаат одлична сезона и во Франција, една од најсилните првенства во Европа и мора да им се честита, вели Лазаров.

– Моите колеги ќе преспијат и ќе сфатат дека и ова е успех. Кога дојдов во Нант амбициите беа само да ја поминеме групата, но сега направивме голем чекор напред. Ракометот оди многу напред. Само интелигентните и паметните можат да го следат тоа. Треба да имаш добра селекција на играчи за системот кој што го играш, да имаш голем фонд на играчи, веќе не постојат фаворити, додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top