| четврток, 6 декември 2018 |

Ниту Кире не стигна до златото, Монпелје е новиот шампион на Европа

Монпелје е новиот европски шампион oткако попладнево со 32-27 го сволада тимот на Нант за кого настапува македонскиот капитен, Кире Лазаров.

За Лазаров ова беше четврто финале во Лигата на шампионите и трет пораз. Капитенот на македонската репрезентација не успеа да се израдува на вториот трофеј иако имаше уште еден одличен натпревар. Македонецот беше најефикасен во својот тим со шест постигнати голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top