| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Уште од првиот ден на судењето за „Тенк“, беше јасно дека судијката има донесено пресуда

– Како што тргнаа работите со тој прогон, уште пред повеќе од една година, можев да претпоставам дека ќе бидам осуден. Конкретно за овој случај, „Тенк“, не се изненадив од пресудата. Уште од првиот ден на судењето, од начинот на кој судијката го водеше процесот, беше јасно дека таа однапред има донесено пресуда. Кон СЈО имаше еден поданички однос, а спрема одбраната дрскост и одбивност. Јасно е дека станува збор за монтиран политички процес, изјави екс-премиерот Никола Груевски на денешното гостување во ТВ Сител.

Тој додаде:

Еден новинар кој со години наназад ги следи рочиштата во судовите, ми спомена во една од паузите дека уште на следење на првото рочиште се посомневал, а веќе по второто и третото одржано рочиште бил сигурен дека ќе бидам осуден.

Поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во текот на рочиштата се имало едно чувство на нееднаквост, вели од едната страна имало дрско однесување, одземање збор од страна на судијката, а на другата страна едно поданичко одесување.

-Јасно е дека станува збор за еден монтиран политички процес каков што немало во Македонија, нешто што е договорено. Самата пресуда не само што беше објавувана еден месец претходно во медиумитеи самиот Заев две недели пред објавата на пресуда објави каква ќе биде таа. Тој кажа дека ќе бидам осуден. Да, сметам дека тој ја нарачал. Живееме во време кога дел од судиите се целосно заробени под контрола на власта на принцип на награда давање или казнување, потенцира екс премиерот Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top