Францускиот првак ПСЖ оствари победа над Вардар со 29:28 во дуелот за 3.место на Ф4 турнирот во Келн и со тоа го повтори резултатот од 2016 година кога го освои третото место. Вардарци кои лани беа европски шампиони сезонава ја завршија на 4.место.
На стартот од натпреварот се играше изедначено и по 2:2 Вардар почна да се одлепува резултатски и во 14.минута „црвено-црните“ водеа со 7:3 по голот на Македа. Потоа ПСЖ ја консолидираше играта и со неколкуте одбрани на Коралес во голот на Никола Карабатиќ во 21.минута беше нерешено 10:10. До крајот на првиот дел двете екипи се менуваа во водство, но ниту еден немаше поголема предност од еден гол.
Во вториот дел воглавно се играше гол за гол и Вардар во таквата игра имаше минимална предност. Но тоа беше до 55.минута кога расположениот Ремили погоди за водство за ПСЖ (24:23), а во 58.минута повторно Ремили донесе водство за ПСЖ од +2 (28:26). Во завршницата „вардарци“ продолжија со техничките грешки и поропадна шансата за триумф на овој дуел. Вардар намали на 28:27, а потоа Ремили погоди за потврдување на победата, за на крај Кристопанс само да го ублажи поразот.
Ремили беше најефикасен на дуелот со 9 голови, додека кај Вардар Циндриќ постигна 7, а Македа 6. Голманот на ПСЖ Коралес заврши со 14 одбрани, а Милиќ кај Вардар имаше 10.
Вардар денешниот дуел го одигра без повредените Штербик (остана на трибини) и Абутовиќ (беше само на клупа), а од 43.минута поради три исклучувања право на настап немаше ниту Македа.
Финалето од ЛШ ќе се игра со почетокот од 18 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст