Нека на празничниот ни 24 мај, кога ни пее душата, си спомнеме за страдалниците кои отстојувале на своето бугарско име и јазик и во тешки времиња. Нека политичарите, кога понатаму ќе зборуваат за „општа историја“ во врска со минатото на Бугарија и Македонија, не заборават дека „општа историја“ создава само „општ народ“, вели во својата колумна поранешниот амбасадор на Бугарија во Македонија (2001-2005), Александар Јорданов. Компромиси можат да се прават само во денешно време, по однос на реалноста, но не и во однос на историјата, вели Јорданов.
Според него, компромис би било ако Бугарите прифатат дека дел од денешните граѓани на РМ се изјаснуваат како Македонци. Компромис е ако затвориме очите, вели Јорданов, што тие подразбираат под поимот Македонец – географска определба, како што е тоа случајот со Тракијците и Мизијците или историска опредлба – дека се деца на Александар Македонски. Ние ги прифаќаме такви како што денес се самоопределуваат, согласно Уставот кој го усвоиле. Тоа е нашиот компромис, истакнува Јорданов.
Но, додава тој, не е морално, ни човечки кога сакаат да ја променат националноста и националната определба на одамна починати луѓе.
„Не можеме да ја прифатиме таквата политика зашто станува збор за силни исторски личности – револуционери и просветители, кои многукратно ја изјавувале својата бугарска народност и национална определба… Тие се дел од бугарскиот народ, од бугарската нација“, тврди Јорданов.
Според него, Илинденско-преображенското востание од 1903 година е бугарско востание. Во романите на прилепчанецот Димитар Талев станува збор за „нашинци“ Бугари, а не за народот на Александар Македонски. Народните песни собрани од бтраќата Миладиновци се бугарски, а не македонски…, пишува Јорданов
„Кога денес во Скопје сакаат да го додадат поимот „Илинденска“ кон името на ново никнатата држава, недопустливо е да толериарме и да ги затвораме очите пред лагите за историјата, пред кражбата на историјата. Бугарското Илинденско-преображенско востание е собитие од бугарската историја. Тоа е настан кој ги засега македонските Бугари, но тој настан нема врска со денешните Македонци кои не се сметаат себе за Бугари. Тие таков однос со Илиндеско-преображенското востание немаат. Како настан од „македонската историја“ може да се земе само т.н. од македонските политичари и историчари „Втор Илинден“ од 1944 година кога антибугаризмот станува официјална политика и се докажува низ масовни убиства и репресии врз Бугарите во Македонија“, истакнува во подoлгата колумна Јорданов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст