| четврток, 6 декември 2018 |

Променливото време неповолно за здравјето

Претпладне сонце и топло време, додека попладне големи врнежи од дожд. Ова е времето во последниве денови, чии што драстични промени многу влијаат врз здравјето на граѓаните, особено кај постарите и хронично болните. Граѓаните анкетирани од Алсат М велат дека во голема мера ги чувствуваат овие промени, особено старите лица и оние кои страдаат од хронични болести.

Граѓаните кои постат велат дека овие промени во голема мера влијаат врз нив, бидејќи високите температури го отежнуваат и постот.

„Влијае бидејќи денот е долг, но сепак важно за тој што пости е целта“, вели еден од граѓаните.

Лекарите велат дека има голем број пациенти кои бараат помош поради високите температури, така што апелираат да не се излегува надвор без потреба.

„Овие големи температурни промени, горе надолу, доведуваат до различни вирози. Постои зголемување на бројот на пациенти кои бараат помош, особено во доцните часови. Во текот на денот имаме случаи со млади луѓе, особено за време на нивниот долг престој надвор и пост. Имавме луѓе на кои им бил паднат притисокот и бараа помош кај нас. Апелирам на овие високи температури, под овие услови, тие што постат да не излегуваат надвор без потреба. Да не излегуваат надвор туку да седат внатре. Ако постите, а на високите температури излегувате надвор е многу штетно“, вели за Алсат Африм Алиу – лекар.

И во наредните денови, според метеоролозите ќе имаме слични временски услови. Ќе биде сончево и топло, а не се исклучуваат врнежи од дожд

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top