Иако за Јосип Броз Тито сега мисли сѐ најлошо, лидерот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ, со смеа се сеќава дека како гимназијалец на 25 Мај ја носел штафетата.
„Во трета година гимназија ме избраа да ја носам штафета. Ја носев некаде помеѓу Правниот факултет и Првата гимназија по должината на брегот на реката Миљацка. Имаше две девојки со мене кои носеа букети цвеќиња . Размислував колку би било убаво да ја фрлам штафетата во Миљацка“, изјави Шешељ за српски „Ало“.
Тој вели дека во тој период бил против Тито, но тоа никогаш не го кажал јавно.
“Периодот на неговото владеење беше комунистичката диктатура од најтежок вид. Тито уби повеќе од 200.000 Срби и ја уништи нашата економија за сите времиња. Ја подели државата на републики и провинции и измисли нови народи. Она што сега го живееме е последица на неговото владеење“, тврди Шешељ.
Извор: Независен
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст