| четврток, 6 декември 2018 |

95-годишен маж си ја убил гатачката

Лондонската полиција приведе еден 95-годишен маж, под сомнеж за убиство на неговата гатачка.

Како што јави ДПА, 61-годишната жена во четвртокот била пронајдена во нејзиниот стан во лондонската населба Холовеј, со сериозни повреди на главата, по што веднаш била пренесена в болница каде починала следниот ден.

Засега нема сознанија кои му биле мотивите за убиството на 95-годишниот Британец, кој боледува од деменција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top